Ковачевски е рационален оптимист за средбата со Мицкоски


 

Премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА дадена во Братислава вели дека на средбата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе се разговара за две работи – за одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските односи.

„Тоа е нешто што ќе го разговараме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и со неговиот тим, бидејќи ќе биде средба на која што ќе присуствуваат тимовите и ќе треба да се изнајде начин од нивна страна да ја поддржат оваа одлука, бидејќи оваа одлука е практично глас за нашата интеграција во ЕУ и не смее и не може да биде предмет на дневно-политички калкулации или на добивање политички поени. Иднината на граѓаните, на сегашните и на идните генерации е далеку позначајна од кариерата на кој било политичар и треба да се надминат и личните и идеолошките разлики во делот на носењето на ваквите одлуки, бидејќи ова е обврска на сите политички партии и на сите пратеници во Собранието“, рече по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.  

Ковачевски вели дека е рационален оптимист и дека верува во остварување на целта – членство во ЕУ.