Ковачевски дeнеска на регионален самит во Солун


 

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација во чиј состав се Бојан Маричиќ, вицепремиерот за европски прашања и Бујар Османи, министер за надворешни работи на самитот на шефови на држави и влади на земјите-членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој денес се одржува во Солун, Грција.

Ковачевски ќе има свое обраќање на самитот, заедно со колегите од Југоисточна Европа, членови на процесот. Самитот со кој ќе претседава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, предвидено е да започне во 17:40 часот. На самитот присуствуваат германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и други високи претставници што е показател за важноста на овој Самит.

На самитот предвидено е да се дискутира и за декларација во чиј фокус е енергетската стабилност, безбедноста, поврзување за економски развој како и спроведување на зелената агенда.