Ковачев: Не сакаме да ви го земеме Гоце Делчев


„Денеска се одбележува 117-годишнината од смртта на Гоце Делчев. Личноста на големиот револуционер не треба да ги дели, туку да ги обединува Бугарија и Република С. Македонија “, рече тој, додавајќи: „За жал, толкувањето на модерната реалност е базирано на апсолутно фалсификување на историјата.“

Според него, исклучително е важно актуелните генерации на Македонија да не продолжат да се едуцираат во лага, зошто создава омраза и поделба.Ковачев исто така вели дека никој не сака да му наметне име на современото население на Македонија.

„Во срцето на нашиот спор не се современите реалности, туку толкувањето на историјата“, рече европратеникот. Поради оваа причина, таканаречениот „мешан комитет“ треба да се заснова на факти и историски извори, а не врз толкувањата на одделни историчари, вели Ковачев.

„Доколку мешовитиот комитет не проработи и фалсификувањето на историјата продолжи, меѓувладината конференција ќе биде одложена сè додека не се постигне напредок“, вели Ковачев кој ги повтори зборовите на премиерот Бојко Борисов дека „топката е во нивно поле.

Ковачев вели дека жали што „нашите соседи се преправаат дека не слушаат и не го почитуваат договорот што го склучивме “.