Ковачев: Мицкоски го губи времето на своите граѓани во безмислена битка со Бугарија


Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот Томас Вајц денес не беше  изгласан од страна на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, па затоа бараните амандмани и појаснувања не беа усвоени, но тоа ќе се случи во пленарната сала за две недели, тврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за Бугарското национално радио.

„Четири политички групи се согласија дека текстот треба да се разјасни на местата каде што се зборува за македонскиот идентитет и јазик, да се додаде зборот „модерен“, дека станува збор за сегашниот, нов идентитет и јазик. Гласањето (за таа промена) не можеше да се одржи бидејќи  беше блокирано од шест лица од група таканаречени патриоти, кои се спротивставија на тоа под доминација на групата на Виктор Орбан, што го спречи ова усвојување. Но, веднаш потоа, координаторот на ЕПП објави дека амандманите ќе бидат предложени во пленарната сала во јули. И текстот ќе стане недвосмислен. Текстот и сега е таков, но има толкувања дека ЕП само што не го признал „вековниот идентитет и јазик“, што ги прави премиерот на РСМ“, изјави Ковачев за бугарските медиуми. 

Ковачев објасни дека мнозинството од групите во ЕП се приклучуваат кон промената, и  конзервативците и реформистите, „па затоа има јасна поддршка за фактот дека текстот мора категорично да се прецизира, за да нема шпекулации“:

„Тоа ќе се случеше денес, но поради пратениците на Орбан, тоа не се случи. Текстот содржи текстови против дискриминација на бугарската заедница, дека не треба да има говор на омраза и дека треба да се исполнат обврските за вклучување на бугарската заедница во нивниот устав, како и почитување на преговарачката рамка – Договорот со Бугарија и Грција и протоколите мора да се почитуваат“, порача Ковачев.

Ковачев додаде и дека премиерот на РСМ, со своите толкувања на непостоечки текстови го губи времето на сопствените граѓани во оваа бесмислена битка со Бугарија.

Тој најави исто така дека бугарските европратеници имаат намера да го поканат Љубчо Георгиевски во Брисел за да го слушнат известувачите и да разберат „што значи да признаеш во РСМ дека си Бугарин и кога објавуваш историски факти за Ванчо Михајлов“.

Во разговор за Радио Бугарија,  бугарскиот европратеник од групата на европските конзервативци и реформисти и „Постои таков народ“, Ивајло Валчев, сепак не ја коментираше одлуката со розови тонови. Според него,сите  бугарски предлози беа отфрлени, вклучително и вклучувањето на „современ македонски идентитет“, место „антички“, како што инсистирало Скопје. 

-Ова гласање сигурно не може да се прифати како нешто пријатно за Бугарија, бидејќи беа отфрлени бугарските амандмани, како прашањето за идентитетот кое се однесуваше на споменувањето на тепањето на Пендиков и осудата за (Љупчо) Георгиевски, односно овој ретрограден закон што ретроактивно им забрани на бугарските клубови да носат имиња што ги избираат.Со активното учество, или поточно активното неучество на групата „Патриоти за Европа“ под диктат на нивните претставници од Унгарија од партијата на Виктор Орбан, се покажува дека нашите предлози на крајот беа не беа изгласани. И, за да се заокружи сè, беше прекршен договорот што беше постигнат меѓу различните групи – зборот „модерен“ (или современ) да се стави на гласање пред да се спомене јазикот и идентитетот на Република Северна Македонија. Што се случи? Договорот беше да се поднесе устен амандман во салата, на што се спротивставив минатата недела, бидејќи ги знам политилчките игри, а и  бугарското парламентарно искуство нè научи на некои работи. Изјавив дека за нас поднесувањето усни амандмани е апсолутно неприфатливо. Колегите од ЕПП, од Зелените, од Социјалистите и од Обнова на Европа изјавија дека нема да ги попречуваат овие амандмани. Бидејќи постапката е дека кога се предлагаат вакви амандмани, одреден процент од присутните може да се спротивстави на нив, денес имаше пет лица кои го блокираа овој амандман. Денес, членовите на „Патриотите за Европа“ го запреа. Она што разбравме е дека унгарските претставници посебно водат голема офанзива нашите бугарски амандмани да бидат отфрлени. И дека унгарските европратеници добиваат инструкции од највисоко ниво – од нивниот премиер – да гласаат на овој начин. Тие буквално ја завршија „валканата“ работа. И потоа нивните групата гласаше „воздржано“ за извештајот, а истовремено не гласаше за бугарските амандмани, го сумираше состанокот одржан пред неколку часа ексклузивно за Радио Бугарија Ивајло Валчев.

Според негова оценка, топлите односи меѓу премиерите на Унгарија и Република Северна Македонија не се тајна за никого.

-Прашањето што повеќе ме загрижува е што толку многу луѓе во Бугарија ја обожаваат личноста на Орбан и го претставуваат како свој пријател, како блиска личност… Би сакал да им се обратам на сите оние кои велат – тој е мој личен пријател: Јавете му се денес, напишете му лична порака, прашајте зошто унгарската страна денес донесе таква одлука“, направи Валчев  индиректна алузија на политичките фактори во Бугарија.

Во моментов, сите бугарски претставници, и покрај нивните внатрешни политички разлики, се обединети, категоричен е европратеникот. Што претстои? Во јули, според него, на сесијата на Европскиот парламент во Стразбур, групата на ЕПП, поддржана (практично со согласност да има таков амандман а не да го гласаат-н.з. )од социјалистите и демократите, од Обнова на Европа  и Зелените има намера повторно да ги поднесе бугарските предлози. Тие ќе бидат поддржани и од политичките семејства меѓу кои се „Има таков народ“ и „Преродба“.