Костов: Се работи само за вербален напад, не и физички во 8-ми Септември


По синоќешниот напад на медицински лица во Градската болница „8 Септември“, денеска се огласи директорот на болницата, Христијан Костов.

„Роднините влегле насилно, а обезбедувањето заедно со нив се качило до горе. Тие имаат право да се качат на Одделот. Биле вербално агресивни кон лекарите, и потоа дошла полиција“, објасни Костов.

Тој смета дека ова мора да се спречи во иднина.

Ова е уште еден напад на медицински персонал, по серијата на напади кои се случија во повеќе болници, меѓу кои во Тетово и во Скопје.