Костадиновска – Стојчевска: Нема промена во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура


Фото: Б. Грданоски

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денеска на прес-конференција по повод реакцијата на Синдикатот за наводното непокачување на плата, посочи дека нема промена во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот. Посочи дека единствената промена која што е внесена во диспозитивот, е минималната плата.

-Во самото решение стои дека платата се пресметува на следниот начин – основна бруто плата по следните основи: минимална бруто плата која е објавена во Службен весник согласно закон и општ колективен договор, коефициентот на сложеност согласно колективниот договор на вработениот има право на 0,5 додаток на основна бруто плата за секоја година работен стаж најмногу за 20 отсто. Овие три компоненти се непроменети. Нема промена во општиот колективен договор, нема промена во колективниот договор на Синдикатот за култура и правото за секоја годима работен стаж останува, рече Костадиновска – Стојчевска.

Како што посочи, единствената промена која што е внесена во диспозитивот е минималната плата, затоа што таа е единствената компонента која што е променета.

-Со измените на Законот за минималната плата, минималната плата сметана од месец март 2024 година изнесува 33,352,000 денари. Ова значи дека единствената компонента која што од оваа плата е менлива, е минималната плата. Токму затоа таа стои во диспозитивот, рече министсрката.

Како што појасни, во изработката на ова решение се консултирале со МТСП, со Државниот инспекторат за труд, службите во Министерство за култура и беа прашани сите активни чинители.

-Ниту една правна или сметководствена служба до денес не се јави од која било установа да каже дека има проблем со пресметката на плата, рече министерката.