Костадинов му постави четири услови на ЗЕЛС, бара да престанат да ја „матат“ водата


„Очигледна е војната против струмичани и Струмица. Се уште не се кажуваат причини зошто е одбиен проектот од унгарскиот кредит и зошто Институтот за јавно здравје не ги објавува резултатите за водата. Некој свесно ја мати водата за политички поени!?

Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС што е уште една потврда на мојата одлука околу понатамошното членство во ЗЕЛС. Во моментот за мене е неважно кој и што кажал од ЗЕЛС и од владините институции, многу поважни се следните приоритети коишто се пред се во интерес на граѓаните на општина Струмица:

1.Седнување на маса на експерти од МЗШВ и АД „Водостопанство“ и да си го решат проблемот.

2.Институтот за јавно здравје јавно да ги објави резултатите од водата.

3.Решавање и расчистување на ситуацијата со унгарскиот кредит земен на грбот на граѓаните.

4.Консолидација и разгледување на можноста за повторно седнување на маса во ЗЕЛС.

Не може питка вода и пари за граѓаните да бидат помалку приоритетни од членството во ЗЕЛС.
Ниту ЗЕЛС од првиот до последниот, ниту одредени министри од влада ќе ме разубедат да застанам против интересот на моите сограѓани струмичани. Баравте, си добивте!- порача Костадинов.