Костадинов ќе докажува дека „Македонија е бугарска“


Лидерот на партијата Костадин Костадинов 

Лидерот на бугарската парламентарна партија Преродба го дефинираше отворањето на македонскиот клуб во Благоевград како обид за провокација, најавувајќи дека ќе преземат активности во Брисел и во Стразбур каде што ќе докажат дека „Македонија е бугарска“.

„Во неделата бевме сведоци на обид за провокација – за постоењето на едно непостоечко малцинство во Бугарија, организирано директно или индиректно од нашата соседна земја. Оваа провокација беше спречена од потомците на Никола Вапцаров“, изјави Костадинов.

Според него, ова нема да биде единствената ваква провокација:

„Пред четири месеци, кога го укинавме ветото на Република Северна Македонија, предупредивме дека се отвора Пандорината кутија. Во Скопје е потпишан договор меѓу Северна Македонија и ЕК – договорот за заедничко обезбедување со „Фронтекс“ е потпишан на таканаречениот македонски јазик кој може да стане официјален во ЕУ. Логиката на ветото е да се решат сите прашања пред почетокот на преговарачкиот процес. Сето тоа ја потврди загриженоста на „Преродба“, додаде тој.

Ќе настрадаат сите бугарски организации во Северна Македонија, дециден е претседателот на партијата Костадин Костадинов.

„Македонија тврди да носат провокативни имиња. 100 пати повторена лага станува вистина. Книгата за Никола Вапцаров ќе ја претставиме во парламентот каде тој се дефинира како Бугарин. Ќе зборуваме за бугарската историја – во Брисел и Стразбур, за да биде јасно едно: Македонија е бугарска“, заклучи тој.