Косовски војници ќе учествуваат во операција на НАТО во Полска


Косово – Владата на Косово денеска го усвои техничкот договор на Министерството за одбрана (МО) со Владата на Полска за стационирање на припадници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Полска, во рамки на операцијата на НАТО „Атлантско решение“ („Atlantic Resolve“), јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерот за одбрана, Арменд Мехај изјави дека, според договорот, ФСК ќе престојува во Полска привремено и е дел од заедничкиот контингент со Националната гарда на американската сојузна држава Ајова.

– Усвојувањето на иницијативата за технички договор меѓу МО и Полска ќе придонесе за подигање на капацитетите на ФСК за да биде кооперативна сила со НАТО и е израз на заедничката волја ФСК да биде дел од армиските активности рамо до рамо со партнерските земји, го образложи Мехај барањето за учество во операцијата во Полска.