Косовската претседателка со бугарска реторика во Тетово


Тетово е наша славна и заедничка историја, рече косовската претседателка Вјоса Османи за време на посетата и средбите во Тетово, а нејзиниот домаќин Билал Касами и посака „добредојде во Дарданско Тетово“.

– Мојата посета на Северна Македонија е потрдување на поддршката за евроинтегративниот процес на двете земји, рече Османи, а Касами и возврати:

– Госпоѓо претседателке, добредојдовте во Дарданско Тетово“.

Ваквите изјавиу предизвикаа негодување во јавноста во Македонија, особено што Тетово е двонационална општина а изјавите на Османи за заедничката славна историја наликуваа на бугарските патерналистички изјави во однос на Македонците во државата и го отворија прашањето како македонскиот град Тетово може да биде „заедничка и славна историја“ со Косово?