Уапсени три лица за трговија со човечки органи во Косово

Косовската полиција соопшти денеска дека уапсила три лица осомничени за трговија со човечки органи и клетки.

Во селото Чаглавица, во близина на косовскиот главен град, полицијата вчера уапсила двајца странски државјани и еден косовски Албанец.

– Упасени се двајца мажи странски државјани и еден косовски државјанин – Албанец, под сомневање дека се вклучени во споменатото дело. Полициската единица и здравствениот инспекторат извршија контрола во приватна болница и запленија како доказен материјал копии од лекарски досијеа и друга документација, се вели во полициското соопштение. По налог на надлежен обвинител, трите лица се однесени во притвор.