Косово има 63 новозаболени, починаа тројца


 

Во последните 24 часа во Косово тестирани се вкупно 634 примероци, а 63 од нив биле позитивни на корона вирус.

Како што соопшти Институтот за јавно здравје од Приштина во истиот период од Ковид-19 починале уште три лица, а излечени се 126 пациенти, пренесе Косово онлајн.

Вкупниот број излечени е 12.451, а 1.937 се активни.

Досега во Косово се забележани 15.002 позитивни случаи, а 61.547 биле тестирани.

Починаа вкупно 614 пациенти.