Кошаркарките сместени во четвртиот шешир за ждребот за групите за ЕП 2021


Женската кошаркарска репрезентација на Македонија е сместена во четвртиот шешир, заедно со Естонија, Бугарија, Финска, Албанија и Данска во квалификациите за Евробаскет 2021. Ждребот ќе се одржи в понеделник (22. јули) во Минхен.

Триесет и пет земји од Стариот континент пријавија интерес за учество во квалификациите, а пред неколку дена ФИБА одлучи довербата за организирање на настанот да им ја додели на Шпанија и на Франција кои ќе бидат изоставени од евроквалификацискиот циклус.

Првиот прозорец е предвиден за претстониот ноември (2019 година), вториот ќе се одигра идниот ноември (2020 година), а последниот ќе се одигра на почетокот на месец февруари во 2021 година.

Репрезентациите ќе бидат поделени во девет групи од кои шест ќе бидат составени од четири репрезентации, а три групи ќе имаат три репрезентации. Секоја репрезентација ќе одигра по два натпревара против останатите во групата, на домашен и на гостински терен.

Првопласираните репрезентации од секоја група како и петте најдобри второпласирани репрезентации ќе се квалификуваат на Европското првенство кое ќе се одигра во 2021 година.