Кошаркарите го избраа Џордан за најдобар во историјата на НБА!


САД- Кошаркарите од НБА-лигата учествуваа во анонимна анкета и го избраа Мајкл Џордан за најдобар во историјата на најсилната лига во светот.
На анкетата гласаа 120 кошаркари, кои сметаат дека е Џордан најдобар, а конкуренцијата е далеку зад него.
Џордан доби 73% од гласовите на кошаркарите, Леброн Џејмс е втор со 11,9%, трет е Коби Брајант со 10,6%, а по нив следуваат Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон, Кевин Дурант…