Коронавирусот влезе и во Народниот театар во Белград


Србија– Управата на Народниот театар (Народно позориштe) во Белград по сознанието дека еден од вработените е позитивен на коронавирус, а за да се изврши детална истрага и дезинфекција, го ограничи бројот на вработените во театарот само на лицата задолжени за дезинфекција, се вели во соопштението до Танјуг.

Сите контакти на заразениот се утврдени и истите се пратени во самоизолација и на тестирања, иако досега немале симптоми.

Во Србија продолжува растот на нови случаи од коронавирус. Денеска официјално се регистрирани 254 нови инфицирани, а починати се три лица, соопшти министерството за здравство. Во последниве 24 часа тестирани биле 4.905 лица. Пола српска влада е позитивна на коронавирус, а претседателот Вучиќ засега се чувствува добро.

Од почетокот на епидемијата инфекцијата е потврдена во 14.046 случаи. Официјалниот број на починати е 270. Бројот на активни случаи 1.312, а досега се тестирани 385.713 лица.