Короната во Србија се смирува, денеска 108 новозаболени


 

Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се нови 108 случаи со Ковид-19, а починаа двајца пациенти.

Тестирани биле 9.513 примероци.

Според Министерството за здравство, на респиратор се 36 лица.

Вкупно заразени досега се 31.207 лица, а починаа 709 пациенти.

Од почетокот на пандемијата тестирани се вкупно 913.956 примероци.