Короната ја скуси листата на светските милијардери


Џеф Безос трета година по ред е на врвот на списокот на светските богаташи.Сепак, во првата половина од март 226 лица го изгубија статусот милијардери поради економските влијанија предизвикани од коронавирусот, пишува Форбс

Светската пандемија ја измени листата на милијардери, па многу од нив се тргнати. Безос остана на врвот на листата благодарение на неговата нето вредност од 113 милијарди долари, иако бележи пад од 18 милјарди долари во однос на минатата година.

Најголема причина за тоа е разводот на Безос. Акциите на Амазон, меѓутоа, пораснале за 15 отсто од минатата година, што му помогнало да ја надополни загубата од разводот.Истовреме, неговата сопруга Мекензи Безос за првпат се појави на листата со 38 милијарди долари.

Од останатите милијардери, 51 отсто од нив се „посиромашни“ од лани.