Короната ја нападна НБА-лигата: ЛА Лејкерс во карантин


САД- Коронавирусот ја нападна сериозно и НБА – лигата, синоќа беше објавена информација дека и Кевин Дурант заедно со уште тројца кошаркари на Бруклин Нетс се позитивни на Covid-19, а во карантин ќе мора и целиот тим на ЛА Лејкерс. Раководството на „езерџиите“ веднаш имало разговор со кошаркарите, сите ќе бидат тестирани на коронавирусот, а ќе заминат и во 14-дневен карантин.

Седум кошаркари од НБА – лигата се веќе позитивни на Covid-19, а лигата е суспендирана за 30 дена. Во зависност од ситуацијата во САД ќе биде донесена и нова одлука.