Корона вирусот во Србија не се смирува: Денеска речиси 1.300 новозаболени


Во соседна Србија во последните 24 часа потврдени се 1.288 нови случаи со корона вирус, меѓу 11.761 тестирани.

Од последиците на инфекцијата починаа уште седум пациенти.

На респиратори се 26 пациенти заболени од корона, додека на болничко лекување има 868 луѓе.

Од почетокот на епидемијата во Србја тестирани се 4.831.558 примероци, а вирусот е најден кај 733.332.

Во текот на епидемијата во Србија од последиците на Ковид-19 починаа 7.174 лица, а процентот на смртност е 0,98.