Корона вирусот стигна и во Амазонија

Жена од домородските племиња кои живеат длабоко во прашумите на Амазон е заразена од новиот вирус.
Тоа е прв случај регистриран во повеќе од 300 племиња во Бразил, изјави министерот за здравство Сесаи во средата.
„Жена на возраст од 20 години од племето Кокама е позитивно тестирана за вирусот во близина на границата со Колумбија“, изјави Сесаи, а пренесува Ројтерс.
Уште четири случаи беа потврдени во истата област, вклучително и доктор од Бразил, што доведе до стравувања дека епидемијата ќе се прошири на ранливите племиња, со разорен ефект.