Корона вирусот не попушта во Италија – уште 345 мртви


И натаму има нови инфекции и натаму нови жртви – во последниве 24 часа во Италија починаа 345 лица. Според податоците објавени од Анџело Борели, шеф на Цивилната заштита, денес има 2.998 нови позитивни лица на корона вирусот, со што вкупниот број се искачи на 31.506. Во интензивна нега се 2.060 лица, што е 10 отсто од вкупниот број. Најпогоден регион е Ломбардија, каде има 16.520 инфицирани, а починати 1.640 лица.