Корона вирусот најактивен во три земји


 

Јужна Кореја, Турција и Италија во последните 24 ласа пријавија најмногу новозаразени со корона вирус во еден ден во последните неколку месеци

Во Јужна Кореја регистрирани се 279 позитивни на корона вирус, што е најмногу на дневно ниво од почетокот на март.

Околу 250 нови случаи се регистрирани во Сеул, па во таа земја расте стравот од избивање масовна зараза во главниот град.

До сега вкупно се регистрирани 15.318 заразени лица, од кои 305 починаа.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коча соопшти денеска дека во последните 24 часа во земјата регистрирани се 1.256 новозаразени, најмногу во последните 45 дена.

Во Турција од март на корона вирус позитивно се тестирани повеќе од 248.000 луѓе.

Од вчера од Ковид-19 починаа 21 пациент, а од почетокот на пандемијата починаа 5.955 лица.

Бројот новозаразени во Италија денеска прејде 600, што е најмногу на дневно ниво во последните три месеци.

Најголема опасност по раст на бројот заразени во таа земја во моментот претставуваат туристите.

Со денешните 629 новозаразени, од почетокот на епидемијата со корона вирус во земјата заразени се повеќе од 253.000 луѓе, соопшти тамоѓното Министерство за здравство.

Во Италија од последиците од Ковид-19 починаа повеќе од 35.000 лица.