Корона вирусот може да преживее до 28 дена на пари и телефони
Вирусот кој го предизвикува Ковид-19 може да биде инфективен на површини како што се банкноти, екрани од телефони и нерѓосувачки челик и до 28 дена, објавија истражувачи.
Истражувањето на австралиската национална научна агенција укажува на тоа дека САРС-Ков0-2 може да преживее на површини подолго отколку што се мислеше порано, пренесе Би-би-си
Вирусот најчесто се пренесува со кашлање, кивање и разговор.
Но, експертите тврдат дека може да се шири и со честички во воздухот, како и преку површини како метал и пластика.
Претходните лабораториски студии утврдија дека вирусот може да преживее два до три дена на банкноти и стакло, а до шест дена на пластика и нерѓосувачки челик.
Најновото истражување, надевува дека вирусот е екстремно силен, дека може да преживее до 28 дена на мазни површини како стакло или пластика на екраните на мобилните телефони и банкноти на собна температура
За споредба, врусот на обичниот грип може да преживее во исти услови до 17 дена.
Експериментите се направени во темница, затоа што веќе е докажано дека УВ светлина го убива вирусот.