Корона вирусот ги исчисти градовите од смог


 

Загадувањето на воздухот во некои градови во светот падна до 60 отсто откако се појави епидемијата на корона вирусот. Така според најновите податоци објавени по повод Денот на земјата, најголем пад е забележан во Њу Делхи (60 отсто) така што за првпат граѓаните тука успеаја да видат чисто небо. Овој индиски град редовно е на листата на најзагадени градови во светот. Двете фотографии горе ја покажуваат разликата. 

Според податоците, загадувањето опаѓа и на Исток и на Запад. Во Сеул загаденоста е помала за 52 осто, во  Вухан за 44 отсто, а во Лос Ангелес за 31 отсто. Како што порача еден експерт денес, овие фотографии и факти покажуваат колку убаво можеме да живееме ако ја научиме лекцијата што ни ја одржа епидемијата со корона вирусот.