Корона вирус пронајден на ракчиња од Еквадор увезени во Кина


Работник ги сортира морските плодови на кинески пазар (Фото: Ројтерс)

 

ПЕКИНГ – Град во кинеската источна провинција Анхуи го пронајде новиот корона вирус на пакувањето на ракчиња од Еквадор, јавуваат државните медиуми во средата, во најновиот пример за откривање на вирусот на увезените производи.

Корона вирусот е пронајден на надворешната амбалажа на замрзнати ракчиња, купени од ресторан во градот Вуху, кога локалните власти извршиле рутинска инспекција, соопшти ЦЦТВ, државната телевизија во Кина.

Веста се појави еден ден откако пристанишен град во источната провинција Шандонг соопшти дека го пронашол вирусот на пакувањето на увезената замрзната морска храна, иако не кажа од каде потекнува.

Од јули неколку други кинески градови, исто така, објавија случаи, вклучувајќи ги пристанишните градови Шијамен и Далијан, поради што Кина ја прекина увозот од тројца производители на ракчиња во Еквадор.

Ресторанот во Вуху ги чувал контаминираните производи во замрзнувач уште од купувањето и сега сите сродни производи во градот биле запечатени.

Тестовите со нуклеинска киселина за вирусот врз работниците, храната и внатре во ресторанот, како и за персоналот во компанијата на големо со ракчиња и членовите на нивните семејства покажаа негативни резултати, како и направените тестови врз персоналот, храната и околината во другите ресторани во град што ги купиле ракчињата од компанијата за трговија на големо. (Ројтерс)