Корона вирус: Г20 го одложи плаќањето на долговите на најсиромашните земји


Најсиромашните не треба да ги плаќаат долговите во 2020 година, но тие им остануваат за плаќање од 2022 до 2024 година

Земјите што припаѓаат на групата водечки економии Г20 се согласија да ги суспендираат плаќањата на долговите на некои од најсиромашните земји во светот. Договорот опфаќа пари што треба да бидат им бидат платени на владите на Г20 до крајот на 2020 година. Целта е да им се помогне на земјите да се справат со здравствените и економските влијанија на пандемијата на корона вирусот.

Глобалните невладини организаци го опишаа овој потег како прв чекор, но повикаа на многу повеќе. Се проценува дека одложувањето ќе покрие исплати од 12 милијарди долари. Но, тоа е само одложување и плаќањата ќе треба да се извршат помеѓу 2022 и 2024 година, заедно со каматата во меѓувреме.

Според проценките 77 земји треба да имаат корист од договорот. (Најголемиот дел од нив се од Африка, меѓу нив ја нема Македонија, а од европските земји се наведуваат само Косово и Молдавија – н.з.)

Планот беше привремено договорен во вторникот од водечките развиени земји на Г7, но беше условен со поддршка од поширокиот Г-20.

Некои земји, особено Кина и Саудиска Арабија, кои се во Г20, но не и во Г7, се значајни заемодаватели на земјите во развој.

Овој потег го отсликува широко распространетиот став дека земјите со ниски приходи се соочуваат со особено сериозен предизвик во справувањето со здравствените и економските последици од пандемијата.

Г-20 исто така ги повика приватните позајмувачи да преземат слични чекори за долговите што им ги должат најсиромашните земји. Сепак, Г20 посочи дека ова може да се направи врз доброволна основа. Добротворните невладини организации велат дека плаќањата треба да бидат откажани целосно, а не едноставно да се одложат. (Би-би-си)