Корона вирус: бројот на заразените надмина 20.000, починати се 426


Еве ги последните податоци од денешниот ден околу корона вирусот

  • Бројката на починати се искачи на 426. Почина и жител на Хонг Конг, а пред тоа имаше еден починат на Филипините.
  • Денешната бројка на починати е 64, што е повеќе од вчерашниот рекорден број смртни случаи.
  • Потврдените инфекции во Кина надминаа 20.000 лица (официјалните кинески лица тука ги вклучуваат и Тајван, Хонг Конг и Макао).
  • Бројот на заразените надвор од Кина е повеќе од 150.
  • Вредноста на акциите на кинеските фирми на берзите падна за девет отсто.
  • Во Вухан е отворена болницата наменета само за пациентите со корона вирус. Таа беше изградена за десет дена.
  • Макао ги затвори казината, главниот економски двигател на градот.
  • Стапката на морталитетот од корона вирусот во Кина е 2,1 отсто. Во провинцијата Хубеи, каде што се 97 отсто од сите заразени, стапката е три отсто. Дури 80 отсто од сите смртни случаи се лица постари од 60 години, од кои најголемиот дел веќе имал здравствени проблеми.
  • За споредба, сезонскиот грип вообичаено има стапка на морталитет од еден отсто и од него на глобално ниво годишно умираат 400.000 луѓе.
  • Стапката на морталитетот од САРС беше 10 отсто.