Корона: Празните улици на Италија (галерија)


Прочуената галерија „Виторио Емануеле II“ во Милано – едно од најпознатите шопинг места – е речиси празна (Фото: АФП)

Италијанските улици и пијаци беа празни денес, додека купувачите нагрнаа во супермаркетите за да купат намирници за складирање во ситуација кога во земјата е намтената целосна блокада поради корона вирусот.

Туристичките фаворити, вклучително и трговските галерии во Милано, Шпанските скали во Рим и плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, денес беа напуштени откако драстичните мерки на корона вирусот беа проширени на целата земја минатата ноќ.

Гулаби на празниот плоштад Дуомо во Милано, вообичаено едно од најпосетуваните туристички меса во градот (Фото: Анадолија)

Купувачите на паника утрово ги преполнуваа супермаркетите во долги редици што се протегаа и надвор, поради правилото кое бара барем едно метро растојание меѓу купувачите – значи само ограничен број може да влезе одеднаш.

Во Неапол, полицијата синоќа се шеташе по улиците со мегафони за да ги предупреди луѓето да „останат во затворен простор, да избегнуваат непотребни излети и да избегнуваат преполни места“.

Две лица гледаат кон празниот плоштад пред црквата „Свети Петар“ во Ватикан (Фото: Ројтерс)
Полициски автомобил паркиран во непосредна близина на празните Шпански скали во Рим (Фото: Ројтерс)

Премиерот Џузепе Конте синоќа изјави дека „секој мора да се откаже од нешто за да го заштити здравјето на граѓаните“ додека во земјата има 9.000 заразени во Италија и 463 лица починати.

Луѓето мора да стојат на растојание од најмалку еден метар додека чекаат во ред, како овие на фотографијата пред една пошта во Рим (Фото: АФП)
Утринско купување резерви за да се преживее блокадата – преполн супермаркет во Рим (Фото: ЕПА)

На секој кој има треска му е наредено да остане дома, забранети се патувањата, освен во итни случаи, и јавните собири, вклучувајќи свадби, погреби и спортски натпревари.

Вирусот се шири толку брзо што лекарите сега треба да донесат одлуки за живот или смрт околу тоа кој да добие пристап на интензивна нега.   (Според агенциите)