Корона-дилема: Ќе носиме ли уште градници?


Во ерата на „останување дома“, еуфемизам (ако некогаш постоел) за глобалната пандемија во која живееме, градниците брзо стануваат заборавен додаток, потсетник на поранешниот живот. Многу жени ќе ви кажат дека еден од благодетите на кризата е неносењето градник.Зошто да не живееме во таа радост  вечно?

Многу славни дами од Европа– икони на стилот, не носеа градници- од Џејн Биркин, Кејт Мос и Брижит Бардо, а сега современите жени од другата страна на Атлантикот го прифатија овој стил- од Кендал Џенер до Бела Хадид и Ријана.

Славната манекенка Емили Ратајковски го покажа своето голо тело на Инстаграм како „еден вид интересен начин за враќање на погледот“.

-За мене, тоа е нешто нормално. Јас не носам градник цело време и не размислувам за тоа “, изјави Ратајковски за „Харперс Базар“.

Можеби е поудобно без градник, но градникот ни ги обликува градите.

Со градник или без градник, вaш е изборот .