Корона: Бројот на починати во Италија се искачи на 21


Бројот на починати од корона вирусот во Италија достигна 21, а околу 820 луѓе се заразени, изјави началникот на цивилната заштита, додека бројот на оние кои се опоравиле од вирусот се зголемува.

Властите велат дека сите жртви биле постари луѓе кои, исто така, страдале од други здравствени проблеми.

Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, вели дека ситуацијата во четвртокот остро се интензивирала во Лоди во близина на Милано; со ненадеен скок во бројот на хоспитализирани лица.

„За жал, во текот на ноќта избувна друга вонредна состојба во Лоди“, изјави Фонтана, кој самиот се стави во самоизолација откако еден вработен во регионалната власт се покажа како позитивен, изјави тој за телевизијата Ла7. „Вчера попладне имаше брза хоспитализација на 51 лице во сериозна состојба, меѓу кои и 17 лица кои се ставени на интензивна нега“.