Корне ја прекина серијата на Швјонтек од 37 натпревари без пораз


Англија – Дојде крај на серијата на полската тенисерка Ига Швјонтек која 37 натпревари не знаеше за пораз. Вечерва за сензација на Вимблдон се погрижи француската тенисерка Ализе Корне која во 1/16финалето ја совлада Швјонтек со 2-0, по сетови 6:4, 6:2.

Корне сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше пет од шест брејк топки.

Швјонтек имаше три аса, една двојна грешка и две реализирани брејк топки од шест можности.

Во следното коло Корне ќе игра со Ајла Томљановиќ од Австралија.

Вкупен награден фонд на Грен слемот во Лондон изнесува 49 милиони долари.