Корисниците ширум светот повторно имаат проблеми со Фејсбук

Социјалната мрежа Фејсбук утрово повторно имаше проблеми, а корисниците ширум светот пријавуваат различни проблеми на сајтот Downdetector.com.

Некои од корисниците наведуваат дека немаат пристап до инбокс, не можат да шернат објава и да прикачат видео или фотографија.

„Не можам ништо да објавам“, гласи еден од коментарите.

Фејсбук досега немаат излезено со соопштение за проблемите, а изгледа дел од корисниците повторно имаат пристап до саканите содржини на социјалната мрежа.