Корисниците од неколку улици во Скопје попладнево без вода поради улични дефекти


Фото: Б. Грданоски

Дел од корисниците од ул.Славејко Арсов, ул.Рилски  Конгрес и ул.Христо Чернопеев денеска од 16:30 ќе имаат прекинато водоснабдување, поради уличен водоводен дефект Ф 80мм на ул.Славејко Арсов бр.12а, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Прекинот, како што додава ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе трае се до остранување на дефектот.

Без вода од 16:00 часот денеска ќе бидат и корисниците од ул.Филип Филиповиќ и дел од корисницте од ул.Гемиџиска.

Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен водоводен дефект Ф 80мм на ул.Филип Филиповиќ бб (после Жито Маркет) и ќе трае се до остранувањето на дефектот.