Корисниците кои паркираат на зона Д2-Аеродром до петок да го регулираат статусот

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги информира и потсетува корисниците на услугата паркирање на зона Д2-Аеродром, лоцирани на булевар „Јане Сандански“, кај Три бисери, на време да го регулираат својот статус на корисник.

За таа цел потребно е корисниците да достават комплетна документација во Кол центар – Аеродром, лоциран зад ТЦ „Бисер“, најдоцна до петок, 6 септември 2019 година до 20 часот.

– Доколку корисниците не го регулират нивниот статус, од вторник 10 септември 2019 година ќе почнеме со издавање доплатни билети, се вели во соопштението од „Градски паркинг“.

Другите корисници при секое паркирање потребно е да испратат смс-порака на тел. број 144 144 со содржина на пр. Д2 СК1234АА.