Корисници од дел од Аеродром без вода поради дефект на ул. „Руди Чајавец“


Корисниците од улиците „Руди Чајавец“, „Вангел Тодоровски“ и дел од ул. „Коста Новаковиќ“ во Аеродром вечерва ќе немаат вода поради уличен дефект ул. „Руди Чајавец“ бр.4.

Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 20.15 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.