Копров: „Охрид-фест 2020“ годинава само со фолк вечер


Фото: Б. Грданоски

„Охрид-фест 2020“, годинава ќе ја одржи традицијата и контунтинуитет долг 27 години без интернационална вечер. Фестивалот ќе биде еднодневен, ќе се одржи на 11 септември и ќе настапат само учесниците на фолк-вечерта. Причината е позната: општата неизвесност предизвикана со пандемијата на ковид-19.

Според идејниот творец на фестивалот, композиторот Глигор Копров, следната година фестивалот повторно ќе го добие стариот лик.

– За жал состојбата со коронавирусот ни ги смени плановите и заложбите, но така е и кај нас и во целиот свет. До последен момент преговарав со странските учесници и телевизии, и дефинитино интернационалната вечер ја одложуваме за 2021 година. Неизвесноста со пандемијата во нашата земја и карантин од две недели, што ги чека учесниците по враќањето во нивната земја, не поттикна да одлучиме годинешното издание да биде во знак Фолк вечерта. Инаку, од Хрватска ги очекував Жак Хоудек, Индира Левак (екс „Колонија“), Ненад Нинчевиќ од бендот „Тути фрути“, потоа имавме учесници од Грција, Албанија, Бугарија, Словенија, Србија, од каде по првпат да требаше да снима „БК Телевизија“, а ќе беа вклучени и камерите на Националниот канал од Словенија. Сепак, не очекува прекрасна фолк-вечер, на најубавата сцена на Балканот, на локацијата на Долни Сарај во Охрид – вели Григор Копров.

Поради одржувањето на физичката дистанца, капацитетот на публиката ќе биде намален за педесет отсто.