Копијата на Универзална сала во Софија изгоре во 1983 година

Универзалната сала во Скопје, која денеска настрада во голем пожар за време на реконструкцијата е копија на Софискиот циркус во главниот бугарски град. Изградбата на салата беше подарок од Бугарија по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, а беше софинансирана од десетина други земји.
Зградата на Софискиот циркус ја имаше истата судбина – изгоре во 1983 година. Таа беше изградена на почетокот од 1960-те.

Универзалната сала беше градена 10 месеци, а беше пуштена во употреба на 10 јануари 1966.
Салата имаше рок за употреба 20 години, но таа се користеше неколку децении подоцна без да се реконструира.