КОП29 идната година ќе се одржи во Азербејџан


Домаќин на самитот на Обединетите нации за клима КОП29, идната година ќе биде Азербејџан, беше одлучено денеска на КОП28 во Дубаи.

Кандидатурата на Азербејџан беше одобрена од речиси 200 земји кои учествуваат во КОП28.

Азербејџан ја доби поддршката од другите источноевропски земји во саботата по неколкумесечно застој и откако беше постигнат договор со Ерменија да не става вето. Самата одлука за тоа кој ќе биде домаќин на COP29 беше одложена откако Русија објави дека ќе стави вето на предлогот домаќин да биде нeкoja земја од ЕУ.