Конзервативците во Британија за избори во ноември, тврди унионистички блог

Англија – Владејачката  Конзервативна партија во Велика Британија има намера да свика избори во ноември.

Според Џејми Брајсон, главен уредник на блогот Унионистички глас (Unionist Voice) тоа го најавиле претставници на таа партија пред високи извори од северноирската Демократска унионистичка партија, јавија медиумите во Лондон.

– Високи извори во ДУП биле известени од претставници на конзервативците дека имаат намера да свикаат избори во ноември, напиша Брајсон на Твитер.

Во британскиот Парламент ДУП ја поддржува партијата на премиерот Борис Џонсон која самата нема доволно пратеници за мнозинство.