Контроверзниот авион на „Боинг“ повторно доби дозвола да лета во САД


Компанијата Боинг денеска доби дозвола од американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА) дека нејзиниот авион 737Макс повторно може да сообраќа, по речиси две години откако е приземјен низ светот поради две кататсрофални несреќи во кои загинаа неколку стотици патници.

Шефот на ФАА, Стив Диксон потпиша наредба за укинување на забраната за летови, при што агенцијата објави директива во која детално се наведени бараните промени во однос на надоградба на софтвер и обука на пилоти, кои Боинг мора да ги исполни за да продолжи со комерцијалните летови.

Авионите 737Макс беа приземјени 20 месеци, најдолго во историјата на комерцијалното воздухопловство, по двете уривања во 2018 и 2019 гдоина во Индонезија и Етиопија во рок од само пет месеци, при што загинаа 346 луѓе.

Воздухопловните власти во земјите од Европа, Бразил и Кина, исто така, мораат да им одобрат на своите авиокомпании за комерцијалните летови на авионите 737Макс по спроведување на нивна независна контрола за безбедност на леталото.