Контроли на увозниците на овошје и зеленчук на Кванташки пазар во Скопје, Струмица, Дебар…

Инспекторите  ги одземале сите фактури од увозниците за кои постоело сомнеж дека лажирале цени пред царинската управа


Акција за контрола на увозници на овошје и зеленчук се спроведувшеа од три саат по полноќ во текот на целиот ден  низ цела држава. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во координација со Управата за финансисика полиција и Управата за јавни приходи ги контролираа производите по одлуката на Владата за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот. Со акцијата се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, влезено е  на Кванташки пазар, а  се вршеа надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови, потврди за МИА директорт на ДПИ Горан Трајковски. 

 

Инспекторите  не го земале зеленчукот и овошјето, но ги одземале сите фактури од увозниците под сомнеж дека лажирале цени пред царинската управа. Увозниците не кажуваат дали биле дел од оваа шема за криење на данокот, но во разговор со новинарите тврдеа дека морале да прикажуваат фактури со пониска цена, само за да платат пониски давачки при увоз со цел цените на производите да бидат подостапни за граѓаните. Министерпот Крешник Бектеши веќе најави  прекршочни и кривични пријави, но се уште не се знае за колкава сума е оштетен буџетот на државата.

 

Бектеши оцени дека со тоа што дел од увознците прикажувале лажни пониски фактури пред Царинската управа,  се создала погрешна слика за тоа колку точно тие требало да поевтина.

 Од ДПИ на терен се над 30 инспектори. Трајковски најави дека акцијата ќе трае цел ден, а сумирани информации за исходот ќе бидат објавени в понеделник од кога, како што посочува, ќе продолжат да се вршат постојано контроли исто како и во изминатиот период. 

Министерот за економија Крешник Бектеши, вчера најави дека на седница на Владата во вторник ќе бидат ревидирани дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленукот порачувајќи дека ќе продолжат  контролите за тоа како е направен увозот во нашата држава за сите увозници на овошје и зеленчук за последните месеци.

-Царинската управа, УЈП, ДПИ, Управата за финансиска полиција во континуитет ќе вршат контроли со цел да не се направи штета на Буџетот, а со тоа да се направи штета на потрошувачите во нашата држава, рече Бектеши и најави дека ќе следат санкции за сите увозници кои направиле увоз, а при тоа до Царинската служба поднеле лажни пониски фактури од реалните.

Затајување данок над 10 илјади евра, укажа министерот, е кривично дело и очекувам од Царинската управа до крај да постапи согласно нивните надлежности.

Одлуката за замрзнување на цените на 11 видови овошје и зеленчук е во сила од 5 април, а треба да трае до 30 април. Според Бектеши, со одлуката за ревидирање на цените ниту еден од производите ќе нема повисока цена од 100 денари за килограм.

-Ќе има мала корекција само во делот на доматите и краставиците заради тоа што нема веќе увоз од Турција и од Грција каде што има поголемо производство на овие производи. Генерално до крајот на месецов увоз се врши од Албанија и еден мал дел од Србија, заради тоа што во Албанија еден месец однапред излегуваат овие производи, изјави Бектеши.  

Во првите четири месеци од годината кај нас генерално се увезува зеленчук и овошје од Турција, Грција, Албанија и од Србија. Со Србија и Албанија кои се во ЦЕФТА немаме царини, а со Грција и Турција има, плус се плаќа и 5 отсто ДДВ за увезеното овошје или зеленчук