Конте од Интер бара плата од 10 милиони евра годишно

Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи, Антонио Конте е во преговори со Интер. Според „Газета дело Спорт“ фудбалскиот стручњак побара плата од 10 милиони евра годишно.

Преговорите со Конте ги води Џузепе Марота, генерален директор на Интер кој претходно работеше со Конте во Јувентус.

Платата побарана од Конте е три милиони евра повеќе од Масимилиано Алегри, тренерот на шампионот Јувентус.

Интер, исто така, ќе мора да му плати 25 милиони евра на Лучијано Спалети поради предвремен раскин на договорот, ако одлучи да го отпушти по крајот на оваа сезона.