Конкурс за идејно-графичко решение за јубилејот „50 години МКЦ“
До 12 јануари е отворен Конкурсот за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на Младинскиот културен центар во 2022 година.
Како што соопшти МКЦ, целта е создавање визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.
Избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000 денари.
Апликацијата и повеќе информации за конкурсот се достапни на: mkc.mk/vesti/mkc-povik-50- godini