Конкурс на ССНМ за авторски текст


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвори конкурс за авторски текст на тема „Работни права во регионалните и локалните медиуми“ што ќе биде објавен во електронската публикација „Новинарството како јавно добро“.

Конкурсот е отворен за сите членови на ССНМ, кои можат да испратат апликација на [email protected]. Апликацијата треба да содржи податоци на кандидатот (име и презиме, мејл и телефон), новинарски жанр со кој ќе биде обработена темата, како и краток опис (максимум една страна во ворд) на аголот кој авторот смета дека е релевантен за обработка на темата.

Авторот ќе биде избран од тричлена комисија според квалитетот и оригиналноста на пристапот содржан во апликацијата. Текстот ќе биде хонориран со 100 евра (бруто).

Електронската публикација е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: справување со лажните вести“ во кој ССНМ е партнер на Македонскиот институт за медиуми, заедно со Медиа дајверсити институт од Лондон, Институт за комуникациски студии и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги. Проектот е поддржан од Европската Унија. Секој број на публикацијата ќе обработува една поширока тема поврзана со професионалното новинарство, како и со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници во Македонија.

Рокот за аплицирање е 22 април, а рокот за завршување на анализата е 30 април 2019 година.