„Конкорд“ доби наследник – суперсоничниот „Екс-би-1“ подготвен за тест-летови (видео)


По повеќе од 50 години од првиот лет на „Конкорд“, се подготвува нов суперсоничен комерцијален авион. Станува збор за прототип на компанијата „Бум суперсоник“ од Денвер, САД.

 – „Екс-би-1“ (XB-1) е првиот чекор во враќањето на суперсоничното патување во светот… Ќе обезбедиме суперсоничната иднина да биде безбедна, како и еколошки и економски одржлива, рече Блејк Скул – основач и извршен директор на компанијата.

Така, „Екс-би-1“ прототипот на новиот суперсоничен комерцијален авион „Оверчр“, својот прв пробен лет ќе го има наредната 2021 година.