Конференција „е-Општество.мк“:„Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот“.


Во организација на Фондацијата Метаморфозис денеска и утре на онлајн платформата ZOOM ќе се одржува 16. конференција „е-Општество.мк“. Темата е „Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот“.

Како што е најавено, на конференцијата ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, евроамбасадорот Дејвид Гир, Кристина Реинсалу, програмски директор за е-демократија во академија за е-владеење и Крис Ворман, виш директор за здружување и вклучување на заедниците.

Говорниците ќе ја нагласат важноста на доброто владеење и улогата на дигиталната агенда во унапредувањето на демократијата и зајакнувањето на граѓаните. Тие ќе обрнат внимание на тековните процеси и напори потребни за создавање на вистински услови за унапредување на дигиталните мрежи и услуги за тие да ги дадат посакуваните резултати.