Коневски: Мицкоски, на овој голем ден се однесуваш срамно – редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ


Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Општина Аеродром и актуелен советник за град Скопје на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска, на Денот на републиката, Илинден, повторно го повикува претседателот на партијата Христијан Мицкоски, да поднесе оставка од фунцијата.

– Мицкоски, ти повторно се однесуваш срамно и тоа на овој голем ден, на најголемиот македонски празник Илинден.
Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка ѝ посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики.
Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ – вели Коневски.

Пред десетина дена, Коневски излезе со став дека се потребни промени во партијата, на кои од ВМРО-ДПМНЕ, одговорија преку портпаролот Димче Арсовски, обвинувајќи го Коневски дека бил „печалбар од ВМРО-ДПМНЕ“.

– Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на државата – стоеше тогаш во реакцијата од Коневски.