Конечно помалку од 2.000 заразени во Србија


Според последните податоци во соседна Србија денеска се забележани нови 1.695 случаи на зараза со корона вирус, од 8.956 тестирани.

Починаа 31 пациент.

На респиратор се 202 пациенти.

За потсетување, во Белград заклучно со вчера дадени се 993.314 дози вакцини, што значи дека денеска би се стигнало до милион.

Мерките, главно, се почитуваат, но и понатаму се прават „корона журки“ организирани во станови и локали.

Државниот секретар на Министерството за здравство Мирсад Џерлек, рече дека бројките се добри, но препорачува граѓаните да издржат уште малку, да не се опуштаат и да се придржуваат до мерките, кои веројатно и за празниците ќе останат исти.