Конечно помалку од 1.000 активни случаи од Ковид-19 во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Денеска регистрирани се нови 160 случаи со Ковид-19, од кои 38 во Скопје. Сепак високиот број на оздравени, придонесе, по подолго време во С главниот град да има помалку од 1.000 активни случаи, поточно 986.

Исто така, само четири скопски општини имаат над 100 заболени во моментов, Чаир со 138, Аеродром со 125, Гази Баба со 112 и Карпош со 103.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов во Скопје од вкупно 5.325, активни се 986.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 138
• Аеродром – 125
• Бутел – 66
• Гази Баба – 112
• Центар – 86
• Карпош – 103
• Сарај – 35
• Кисела Вода – 81
• Ѓорче Петров – 69
• Студеничани – 32
• Шуто Оризари – 67
• Арачиново – 18
• Илинден – 17
• Петровец – 5
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 12
• Зелениково- 6
• Странец – 3
• Нераспределен – 2.