Кондомите од денеска се бесплатни за младите Французи


 

Кондомите за младите Французи до 25 години сега се бесплатни во сите аптеки низ земјата, пренесува во неделата ДПА, додавајќи дека владата на претседателот Емануел Макрон смета дека ова е превентивна мерка за спречување на несакана бременост и сексуално преносливи болести.

Макрон го претстави планот на почетокот на декември и првично беше наменет за млади од 18 до 25 години, но по критиките тој беше проширен и на малолетници.

Мерката за бесплатна контрацепција, вклучувајќи апчиња и спирали, за жени до 25 години е на сила веќе една година, а претходно право на бесплатни апчиња за контрацепција имаа девојчињата до 18 години.

Со иницијативата за кондомите, Макрон има за цел да го реши проблемот со сексуалното здравје кај младите.

Во врска со сексуалното образование, Макрон рече дека Франција не се изразила и дека „реалноста е многу, многу далеку од теоријата“.

„Треба подобро да ги едуцираме наставниците во таа област, треба повторно да ги сензибилизираме“, рече Макрон.